ИТ Пазарот во Македонија се зголемил во 2009 наспроти економската криза
Загреб-Скопје, 26 July, 2010
Во 2009, ИТ пазарот во Македонија, наспроти очекувањата, се зголемил во споредба со претходната година за 1.8%, достигнувајки 164,48 милиони американски долари. Мерено во домашната валута – денар, порастот изнесува 7.2%, според годишната студија на IDC Adriatics, компанија за истражување на ИТ пазарот. Македонија е една од ретките држави во светот, чиј ИТ пазар не ги искуси болните кратења на ИТ потрошувачката минатата година.
„Порастот на ИТ пазарот во Македонија може да се припише на големите владини инвестиции, пред се на набавката на преносни компјутери за образовниот сектор и неколку проекти со нагласено присуство на ИТ услуги. Истовремено, ИТ потрошувачката во остатокот од реалниот сектор и кај домашните корисници беше сериозно погоден од светската економска криза“, вели Борис Житник, Директор на IDC Adriatics.
Технолошките трендови во Македонија беа дивергентни во 2009. Додека, продажбата на персоналните компјутери, системите и серверите, како и печатарите, опадна во споредба со 2008, потрошувачката на преносни компјутери, ИТ услуги и лиценци и одржување го зацврсти македонскиот ИТ пазар. Вредноста на ИТ услугите порасна за 15.8% во споредба со претходната година; на софтверските лиценци се зголеми за 8.2% а на хардвер за 4.3%. Соодветно, уделот на пазарот на ИТ услугите во вкупниот ИТ пазар порасна за 3.1 процентен поен, достигнувајки 25.6%; уделот на софтверските лиценци порасна за 0.7%, додека пак уделот на хардверот падна за 3.9% во споредба со претходната година.
„Македонската Влада силно го подржува развојот на информатичкото општество, што е видливо демонстрирано со порастот на ИТ пазарот во државата минатата година, спротивно за општото економско забавување во светот, искачувајки ја Македонија на четврто место во регионот Адриатик (сите бивши ЈУ републики плус Албанија) – досега највисоко рангирано место. Овој факт треба да послужи за валидација на мислењата дека ИТ индустријата е најголем овозможувач на економското заживување и пораст“, истакнува Александар Угриноски, локален претставник на IDC.
Сумата од $79 по глава на жител наменета за ИТ потрошувачка во 2009 претставува 9.5% од EU27 просекот ($832). Од земјите во Adriatic регионот, Македонија сеуште заостанува зад Словенија ($450), и Хрватска ($248), се доближи до Србија ($96), а е значајно подобра од Босна и Херцеговина ($35).
IDC очекува пад на ИТ пазарот во Македонија во 2010 за 12.1%, од големата стартна основа во 2009. Во тек на петгодишниот период за прогноза, Македонскиот ИТ пазар треба да порасне во согласност со усогласена годишна стапка на пораст од 5.2% годишно и да достигне 212 милиони американски долари во 20014 година.
IDC’s Macedonia IT Market 2010–2014 Forecast and 2009 Vendor Shares (IDC # ESQ05S) го претставува ИТ пазарот во Македонија и прогнозите за вкупната ИТ потрошувачка според технологија до 2014. Студијата ги содржи големината на пазарот, поделба на пазарот според вендори и проекции за растот на хардверот, ИТ услугите и пакуваниот софтвер. Таа ги анализира трендовите на пазарот и нуди вреден увид во главните придвижувачи на поединечните сегменти на пазарот.
За повеќе информации за истражувањата на IDC Adriatics слободно контактирајте ја Ана Папеш (apapez@idc.com), + 385 1 30 40 050.
|